Во Куманово се нормализира водоснабдувањето

Од:

Состојбата со водоснабдувањето во Куманово од денеска почна да се нормализира. Од ЈП „Водовод“ информираат дека наредниот период сукцесивно ќе исплаќаат средства на Водостопанство.

– Во вечерните часови се зголеми дотурот на водата од браните до филтер станицата за 15 литри во секунда. Се надеваме дека во текот на денот состојбата ќе се нормализира, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Виктор Божиновски.

Тој додаде дека немаат потпишано договор со Водостопанство. – Договорот со Водостопанство ќе се потпише откако ќе се донесе тарифник со кој ќе се определи единствена цена за дистрибуцијата за вода, а за ова е надлежно Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави Божиновски.

Директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Филип Филиповски информира дека презеле мерки за подобрување на дистрибуцијата на водата до филтер станицата.

– Водостопанство не може бесконечно да му дава услуга на ЈП „Водовод“, а да не ја наплаќа. Ние како водостопанско претпријатие мора да функционираме. Ќе се преземат чекори за да се нормализира водоснабдувањето, рече Филиповски.

Би можело да ве интересира

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он