Иванов го прими албанскиот министер за надворешни работи Алдо Бумчи

Од:

Претседателот на Република Македонија денеска го прими министерот за надворешни работи на Република Албанија Алдо Бумчи.

Како што соопшти кабинетот на претседателот, на средбата е изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете земји и од заемната определба за натамошно јакнење на пријателството и градење добрососедски односи низ отворен дијалог. Двајцата соговорници констатирале дека односите меѓу двете земји во континуитет бележат позитивен развој, а политичкиот дијалог на сите нивоа е континуиран и плоден.

– Политичките односи меѓу нашите земји достигнаа ниво кое ни овозможува целосно да се фокусираме на она што е најзначајно за благосостојбата на нашите граѓани, тоа е економијата, инвестициите, инфраструктурното и енергетското поврзување, прекуграничната соработка и соработката меѓу министерствата за внатрешни работи на двете земји, туризмот, превенцијата и помош во случаи на природни катастрофи и несреќи, заеднички настап во искористување на европските фондови, истакна претседателот Иванов, изразувајќи очекување за уште поинтензивна соработка на владите на двете земји во таа насока.

Во контекст на европските и евроатлантските интеграции, претседателот Иванов и министерот Бумчи констатираа дека соработката и заемната поддршка треба да продолжи, како и дека евроинтеграцијата на државите од Западен Балкан е од суштинско значење за регионалната стабилност и развој.

Претседателот Иванов и министерот Бумчи разменија мислења и за повеќе актуелни прашања во регионот. Во поглед на регионалната соработка, министерот Бумчи го поздрави претседавањето на Република Македонија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, и активностите кои се преземаат за подинамична и поинтензивна регионална соработка, но и ставот на претседателот Иванов, во наредниот период регионалната соработка од декларативност да премине во следна фаза на поинтензивна операционализација со конкретни проекти во повеќе области.

Претседателот Иванов најави дека до крајот на годината ќе следи негова официјална посета на Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на Сиљановска Давкова в недела на пладне

A1on

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

A1on

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова – 61,98% , Стево Пендаровски – 30,48%

A1on