ФОТО: Пронајдено оружје во Порој

Од:

Пиштол со 16 куршуми, две торби со 6 гранати за рачен ракатен фрлач, двоглед, автоматско оружје од непозната марка и калибар од југословенско производство, гасен пиштол со четири куршуми, пригушивач, 6 молиблни телефони, фантомка, како и неколку парчиња облека, пронашла полицијата во домот на 28 – годишен жител на тетовското село Порој.

Претресот бил извршен вчера попладне со соодветна судска наредба. Пронајдените предмети со потврда се одземени и фотодокументирани, изнформира полицијата.

Вчера извршен е претрес и во куќата на неговиот 20 – годишен соселанец. Кај него биле пронајдени автоматска пушка, две рамки со 38 куршуми, ловечка пушка, ремен со 11 патрони, метален пендрек, гумена полициска палка, 16 искористени СИМ-картички и други предмети, пронашла тетовската полиција во домот на 20 годишен жител селото Порој.

20-годишното момче за време на претресот не било дома и е во бегство, а полицијата ја зетекла неговата 41 годишна мајка, која е приведена.

Од тетовската полиција соопштија дека по целосното расветлување на случаите, против двајцата жители на Порој, кои од порано им се познати по нивната инволвираност во криминални активности, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Претресите во двете куќи се во рамките на оперативните активности на СВР Тетово за расветлување на неколку разбојништва извршени во регионов годинава и лани.

POLICIJA 01 POLICIJA 02 POLICIJA 03 POLICIJA 04 POLICIJA 05 POLICIJA



 

Би можело да ве интересира

Во Украина „исчезнаа“ речиси 800.000 парчиња оружје

Трамп ги негира извештаите за недостиг на муниција: Имаме повеќе од кој било друг во светот

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Техеран најави набавка на ново оружје: Иран ќе купува напредна воена опрема од „пријателски земји“

Документи и фотографии откриваат: Израел им продал напредни воени системи на Катар и Саудиска Арабија

Новата бугарска влада повеќе нема да и испорачува оружје на Украина

А1он