Попоски: Нема рок за одговор на предлогот на Нимиц

Од:

Нема рок за одговор на последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, изјави денеска министерот за надворешни работи Никоа Попоски, оценувајќи ги како медиумски шпекулации пишувањата на грчките медиуми дека до 5 мај Скопје и Атина треба да му достават одговор на посредникот на ОН.

– Не постои никаков рок кој е поврзан со датум кој го спомнавте или некој друг рок. Она што е во реалноста е дека Нимиц има комуникација, дека сака да се придвижи процесот. Тоа е наш интерес. Имаме многу причини зошто да сакаме тоа да биде изведено на еден нормален начин.

– Од наша страна сме целосно посветени на процесот, ги имаме исполнето сите оние критериуми кои се меѓународно преземена обврска, сакаме да имаме отворен дијалог со нашиот јужен сосед и мислам дека доколку таква посветеност видиме и во Атина тогаш сликата навистина би била подобра околу европските и евроатлантските интеграции. Тоа очекуваме да го видиме, рече Попоски на заедничката прес конференција во Скопје со неговиот албански колега Алдо Бумчи.

Во однос на можноста за натамошна зголемена комуникација, додаде, од македонска страна за тоа постои целосна посветеност.

– Но, се разбира ова е дијалог во кој има две страни и тоа очекуваме да биде пресликано и од другата страна, посочи Попоски.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски