Бачев поднесе тужба пред Управен суд против ДИК за бришењето на името на коалицијата „Никогаш Северна, само Македонија“

Од:

Претседателот на партијата Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, Јанко Бачев поднесе тужба до Управниот суд, откако ДИК го отфрли приговорот за како што вели незаконски избришаното име на коалцијата од гласачкото ливче. Бачев вели дека доколку имало неправилности при поднесувањето на листите или проблем со името на колацијата ДИК требала во рок од 48 часа да се произнесе и да го извести политичкиот субјект. Коалцијата бара одговорност за повреда на избирачкото право, бидејќи според неа името било избришано незаконски и непосредно пред денот на изборите.

„Не е спорно што листите се поднесени со назив „Никогаш Северна , само Македонија„ не е спорно дека листите се поднесени во законски утврден рок, не е спорно дека се поднесени од овластен претставник на коалицијата, не е спорно дека се потврдени од страна на ДИК и дека се утвредени неправилности. Меѓутоа на ваквата неспорна фактичка состојба, ДИК од нему познати причини во заднина и надвор од очите на јавноста го избришал називот на листата „Никогаш Северна, само Макеоднија“ и ние практично на изборите настапивме како безимен субјект“ вели Бачев.

Од оваа коалција тужба до Управен суд следи и за отфрлениот приговор, за неважечките над 24 066 гласачки ливчиња за кои се сомневаат дека се фалсификувани, а требало да завршат на нивно конто.

Би можело да ве интересира

Комисијата за заштита од дискриминација се жали на пресудата на Управен суд за обвинителката Ленче Ристоска

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Претседателот на Управниот суд Сејднини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Предраг Петровиќ

Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени

Предраг Петровиќ