Саша Ќириќ се обидува да му помогне на Вардар преку врски со Феликс Магат

Од:

Македонската фудбалска легенда Саша Ќириќ преку својот Фејсбук профил потврди дека ќе се обиде да му помогне на ФК Вардар откако, тој стапил во контакт со германската компанија која ја раководи поранешниот тренер на Баерн Минхен, Феликс Магат.

„Би сакал да споделам неколку детали за ситуацијата со Вардар, за да не се оди во погрешна насока или да се шират дезинформации. Со желба да му помогнам на клубот на кој било начин во оваа тешка ситуација, стапив во контакт со германската компанија „FLYERALARM GLOBAL SOCCER“, чија главна цел е да инвестира во фудбалски клубови. Тие веќе се делумни сопственици на австрискиот клуб Адмира Вакер и новиот германски второлигаш Фер Вирцбург Кикерс. Тие исто така се главен спонзор на германската Бундеслига. Главниот човек и менаџер на компанијата е Феликс Магат, познат германски фудбалер и тренер, инаку мојот поранешен тренер и сега добар пријател. После првичните разговори и моето објаснување за каков фудбалски бренд работиме, се појави интерес за нив и побарав подетални информации. По средбата со градоначалникот Шилегов и водечките пристаници на Вардар, им дадов детални информации за целата состојба околу клубот.

Тука, покрај проблемот со долгот, кој е неколку милиони и одредени правни проблеми, го имаме и проблемот со ситуацијата со коронавирусот, што спречува нормално патување, па секој кој ќе влезе во нашата земја и се врати во својата земја треба да оди во карантин. Да не се лажеме, никој нема да фрли неколку милиони со само два или три телефонски повици. За да се завршат преговорите, треба инвеститорите да дојдат и да ја скенираат целата ситуација, да седнат со сите инволвирани страни и да го решат проблемот. Се надевам дека надеж сè уште постои, но зависи само од нив. За жал, времето е тој луксуз што го немаме, но барем да се обидеме да помогнеме. Да не се каеме што не сме се обиделе. Во исто време, со лицата задолжени во Вардар, бараме помали средства за Васоски и момците да започнат со подготовки. Исто така и со одредени момци од навивачката група „Комити“, разменивме мислења за одредени идеи за тоа како да му помогнеме на клубот. Најмногу ми е жал што не можам да му го честитам 73-от роденден на клубот со позитивна вест“, пишува Чириќ на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Возило излета во Вардар во центарот на Скопје

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Пронајден машки труп во водите на Вардар, утврден идентитетот

ЦУК: Камион на патот Зелениково – Таор ја проби оградата на мост на Вардар, нема жртви

(ВИДЕО) Змија на кејот на Вардар во Скопје: Топлото време ги раздвижи змиите

А1он