(ВИДЕО) Оштетени од пожарот во центар: Возачот се сокри од полицијата, а во изгорениот автомобил имало шишиња од средства за дезинфекција

Од:

Граѓаните чии возила беа опожарени откако се запали автомобил „Опел Зeфира“ во центарот на Скопје, оставен на тротоар на булеварот спроти „Македонски пошти“, велат дека го виделе возачот како влегува во еден од околните дуќани и дека се сокрил од полицијата.

Викторија Стефкова, една од сопствениците на оштетените возила, за „А1он“ изјави дека автомобилот кој изгоре не бил ниту регистриран, а внатре имало празни шишиња од средства за дезинфекција.

 

„Наjсимптоматично е тоа што возачот избега и не сака да преземе одговорност. Го виделе соседите како влегува во канцеларијата на ‘Уника’, но отаму не сакаат да дадат податоци за него, најверојатно го штитат бидејќи е нивен клиент. Од осигурителната комапанија каде што е регстриран мојот автомобил БМВ X5, дознавме дека колата што се запали цела година не е регистрирана. Покрај тоа ја оставил на тротоар непрописно, згора на се, се крие. Според наши информации, во колата имало еден куп празни шишиња од средства за дезинфекција што можеби придонело да избие пожарот. Ние жителите од овој дел на градот сме посебно револтирани затоа што овој дел од троторарот не е регулиран со паркинг, туку е да го наречам ‘мртов агол’ и кој стигне тука си се паркира, а ние сме заложници во сопствените имоти“, изјави оштетената Стевкова.

Од МВР велат дека за деталите околу пожарот ќе информираат по завршувањето на увидот.

Би можело да ве интересира

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Активни се три пожари, четири се под контрола

Горан Наумовски

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Трагедија го потресе Исламабад: Бебиња загинаа во пожар во болница

Горан Наумовски

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола