Во светот запленети над 17.000 лажни тестови за коронавирус

Од:

Полицијата во десетици светски држави досега запленила повеќе од 17.000 лажни комплети за тестирање за Ковид-19, кои биле пронајдени во операции против шверцот, соопшти денеска Интерпол.

Полицијата запленила фалсификувани или нестандардни производи за храна и производи од животинско потекло во вредност од 34.5 милиони евра во 77 земји и уапсила 407 лица во операцијата која траела од декември 2019 до јуни 2020 година.

Меѓу производите има млечни производи, месо од незаконски заклани животни и прехранбени производи лажно обележани како лекови, објави Интерпол.

Полицијата пресретнала и илјадници фалсификувани медицински производи, во време кога земјите ширум светот побрзаа да се снабдат со медицински материјал поради блокадата воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Додека земјите ширум светот продолжуваат со напорите да го контролираат Ковид-19, криминалните мрежи кои ги дистрибуираат овие потенцијално опасни производи само ја покажуваат својата решеност само да заработат, изјави генералниот секретар на Интерпол, Јирген Шток.

Покрај лажните тестови за Ковид-19, во акциите биле пронајдени средства за дезинфекција, па дури и пратка морска храна во Јужна Африка со потекло од Азија, која била лажно декларирана како лична заштитна опрема.

– Другите нелегални производи што се пронајдени вклучуваат козметика, чевли, облека, торби, делови за автомобили, електроника, тутун и лекови, во вредност од околу 3,1 милиони долари, соопшти Интерпол.

Ова е деветта година на агенцијата за координирана акција во рамките на операцијата Опсон против фалсификувана или нестандардна храна и пијалоци, која редовно запленува илјадници тони фалсификувани и потенцијално штетни производи.

Би можело да ве интересира

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

Дачиќ: Полицијата уапси Србин и хрватски државјанин, запленивме 15 килограми кокаин

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Девојче од Србија до смрт ја избоде својата помала сестра во Лајпциг

Германија: Спречен можен терористички напад во Берлин

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ