Левица: Просечното време на „решавање“ на ДИК по секој приговор е дури неверојатни 3 секунди што е навреда за здравиот разум

Од:

„Денес, во 10:30 часот, на триесет минути пред истекот на законскиот рок, правниот тим на Левица, до архивата на Управниот суд ги поднесе сите тужби против ДИК за сторените изборни нерегуларности, преку кои ни се украдени тројца пратеници (за околу 500-600 гласа по пратеник)!

Тужбите за поведување управен спор се поднесени врз основа на погрешно утврдена фактичка состојба и погрешна примена наматеријалното право. Сакаме да ја известиме јавноста дека образложенијата на побиваните решенија на ДИК се изработени на „темплејт“, т.е. однапред подготвен шаблон за одбивање, без навлегување во спецификите на секој поединечен случај – што е недозволиво за една државна институција. Истите се штури и банални и изобилуваат со цитирање на неповрзани членови од Изборниот законик, без воопшто да се впушти во материјално расправање за она што беше предочено во приговорите“, велат од Левица.

„Сето ова говори во насока на тезата за аматерското, несериозно и непрофесионално постапување на членовите на ДИК кон проблематиката на предочените изборни нерегуларности! Дотолку повеќе, просечното време на „решавање“ на ДИК по секој приговор е дури неверојатни 3 секунди – што е навреда за здравиот разум и за интелигенцијата на секој македонски граѓанин.

За жал, очигледен е фактот дека членовите на ДИК не направиле ни елементарен обид да стигнат до материјалната вистина, за да можат да одлучуваат по наводите изнесени во поднесените приговори од наша страна. Во конкретниов случај не е направен, ниту дозволен никаков увид во изборниот материјал од критичните избирачки места – што е пречекорување на дискреционите овластвуања на ДИК и одбивање да постапат по службена должност, согласно нивните оригинерни надлежности.

Очекуваме Управниот суд да ги усвои нашите тужби и да го поништи гласањето во оспорените гласачки места, бидејќи истите влијаат врз вкупниот конечен резултат за респределба на мандатите, според прифатениот пропорционален Донтов модел на изборни количници“, соопштува Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Брутално скратен буџетот за лицата со ретки болести – државата штеди на живот

Горан Наумовски

Левица: Дали партиски инсталации во ДБКИ се шверцуваат во Мисијата на НАТО во Брисел спротивно на закон?

Горан Наумовски

Левица: Орце глуми скромност, а ангажира личен шофер за претседателот на Совет

До спикерот Гаши доставено барање за укинување на имунитетот на Јанчев

Левица: ДКСК со Цвета Ристовска наместо да го спасува Томовски по втор пат да го истражи случајот со тендерите

(ВИДЕО) Станкоска: Дали со еден стан Орце го реши проблемот на жените жртви на насилство?!