СЗО: Загрижува епидемиолошката ситуација на Балканот

Од:

Епидемиолошката ситуација со коронавирусот и трендовите во јужниот дел на Европа и на Балканот се загрижувачки, изјави денеска началникот на секторот за вонредни ситуации при Светска здравствена организација, Мајкл Рајан.

– Иако западноевропските држави успеаја да ја стават епидемијата под контрола, загрижувачки се трендовите што се појавија во Јужна Европа и на Балканот. Се уште не сме ја напуштиле зоната на ризик во Европа. Епидемиолошката ситуација бара да продолжиме да бидеме внимателни, истакна Рајан.

Тој додаде дека нема сомнеж оти најголемото жариште на пандемијата е во Северна и во Јужна Америка, но оти се интензивира и ширењето на вирусот во Африка.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“