ВМРО реагира на интервјуто на Заев: Тој е транзициски политичар и со него нема европска иднина

Од:

ВМРО-ДПМНЕ до медиумите испрати соопштение во кое партијата реагира на денешното интервју на претседателот на СДСМ Зоран Заев за „А1ОН“.

Еве ја реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во целост:

„ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина и освои повеќе пратеници отколку СДСМ без коалициониот партнер Беса и покрај недемократската атмосфера и масовен поткуп кој екипата на Заев го правеше во текот на кампањата.

Влада на Заев ќе значи дополнително тонење на економијата и распламтување на здравствената криза, нешта со кои тој и СДСМ покажаа дека ниту знаат ниту можат да се справат. ВМРО-ДПМНЕ е партијата која доби поддршка кај народот и која ќе се справува со сите предизвици пред кои е исправена Македонија и народот.

Блескањето на Заев ја урниса Македонија, па сме доведени во ситуација државата да нема пари после септември. На тоа мора да се стави крај. Заев е последниот остаток од транзицијата кој мора да биде поразен, затоа што со таков политичар Македонија нема европска иднина, затоа што истиот е антипод на европските вредности. Покажа во овие три години дека ниту економски успеси немаше, немаше ниту правда, немаше ниту борба против криминалот, туку напротив беше носител на сите порази, неуспеси на Македонија и на крајот на краиштата беше синоним за корупцијата.“

Би можело да ве интересира

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време

ВМРО-ДПМНЕ: СДС од искуство знаат колку чини златна виза за Дубаи затоа веднаш ги погоди сумата, а да ги потсетиме и кој се веселеше на Харис

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ