Израелски пратеник тврди дека Хезболах добива хемиско оружје од Сирија

Од:

Поранешниот израелски министер за одбрана Бенјамин Бен-Елиезер, кој во моментот е пратеник, изјави вчера дека сириско хемиско оружје „тече бавно“ кон либанската шиитска група Хезболах. Тоа е првата ваква изјава на политичар од Израел, која не беше поткрепена со докази.

– Немам никакви сомненија дека сирискиот претседател Башар Асад веќе употребил хемиско оружје и дека таквото оружје пристигнува до Хезболах, рече Бен-Елиезер.

Официјални израелски претставници се разграничија од неговите изјави, истакнувајќи дека тој изразува личен став. Во исто време, тие признаа дека се длабоко вознемирени од можноста хемиско оружје да стигне до Хезболах, кој се смета за терористичка организација од Израел и САД.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците