СДСМ: Мицкоски е шпицен аутсајдер, и по три порази не сфаќа дека граѓаните не го поддржуваат

Од:

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вечерва во соопштение го нарече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски „шпицен аутсајдер“, затоа што, според партијата, тој и по три последователни изборни порази одбива да се соочи со фактот дека „граѓаните не ги поддржуваат неговите економски политики“.

Еве го соопштението од СДСМ во целост:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се изгубени и во просторот и во времето.

Граѓаните на 15 јули, на фер и демократски избори, јасно и недвосмислено ги казнија неговите политики кои се заглавени во матрицата на Груевски, во матрицата на режимот.

Мицкоски губи трети избори по ред и се уште одбива да се помири дека граѓаните сакаат да одат напред, а не да се враќаат назад.

Тој е поразен политичар кој ги потценува граѓаните, ги потценува гласачите, па дури ги потценува и лаже и сопствените членови и поддржувачи.

И Мицкоски и Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ мислат дека со лажни приказни, со креирање лажна реалност можат да ги излажат граѓаните.

Мицкоски единствено за што може да преговара е за столчето во белата палата, зошто и тоа му е климаво.

Граѓаните не паѓаат на манипулациите и на лагите на Мицкоски и на ВМРО-ДПНМНЕ.

Веќе на нив никој не им верува, не им веруваат ниту членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од шпицен кандидат Мицкоски стана шпицен аутсајдер и затоа најдобро е да оди надвор од политиката, бидејќи граѓаните јасно му го покажаа патот.

Државата, граѓаните со СДСМ продолжуваат напред по исправниот, вистинскиот пат. Уште подобро и уште повеќе.“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Илијоска: Невремето ги опустоши струмичките посеви, а Владата не презема ништо – итно да ги обештети земјоделците

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски