(ВИДЕО) Стојаноска: Вината за загрозување на здравјето и животите на граѓаните оди на адреса на Заев, Филипче и Спасовски

Од:

„Додека Македонија бележи огромен број на новозаболени од КОВИД-19, Венко Филипче, трчајќи да ја реализира партиската агенда на Зоран Заев и СДСМ, заборави дека е министер за здравство.

На Филипче и Заев, а и на Оливер Спасовски, се покажа дека политиката и тендерите им се поважни од здравјето на граѓаните, ама и од животите на граѓаните.

Има голем број на новозаразени во деноноќие, има голем број на починати во деноноќие, Македонија води по црните статистики, како по број на заболени на милион жители, така и по број на починати на милион жители, но ова не е тема, уште помалку приоритет за Филипче, Спасовски, ама и за Заев“, рече Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со Ковид-19.

„Сведочиме и за случаи на дискотеки полни со народ, каде никој нема маска, дистанца пак нема воопшто, ама не е тоа важно, важно е што објектот бил во сопственост на нивни другари, на друштвото на Заев. Кога станува збор за друштвото на Заев ништо не е важно, не се ни помислува на здравјето на граѓаните.

Додека Заев и неговото друштво ги интересира личниот профит, инспекторите најавуваат кривични пријави.

Заев и СДСМ го загрозуваат здравјето и ги загрозуваат животите на граѓаните.

Ако вака се продолжи со загрозување на здравјето и животите на граѓаните, вината оди на адреса на Филипче и Спасовски, како и на нивниот партиски претседател Заев кој е занесен во лагите и сторувањето на криминал.

Неспособноста за справување со корона кризата е видлива, како никогаш досега. Неспособноста на Заев и неговите Филипче и Спасовски се плаќа со здравјето и животите на граѓаните“, изјави Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ