Викторија Бекам (37) дизајнира облека гола бидејќи нејзиното тело го користи за инспирација, кога ја прави облеката.
– Прво седнувам со тимот, за да разговарам за идеите кои ги имаме. Сите сме многу блиски, зборуваме за се, а јас обично се соблекувам, за да се дизајнира моделот директно на моето тело – вели таа.
Успешната дизајнерка и мајка на четири деца жонглира вешто со модната империја и обврските кон семејството. Се очекува наскоро да ја видиме за прв пат на насловната на Вог во САД, откако неколку пати се сликаше за британското, руското и турското издание.