Четворица новозаболени и еден починат од Ковид-19 во Струмица

Од:

Пациентка на 61-годишна возраст, која се лекувала на клиниките во Скопје, е вториот регистриран смртен случај од овој регион, а има и четворица нови позитивни на Ковид-19, информира директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

-Новозаразените се на различна возраст. Двајца се од две села од Струмичко, а имаме и две лица позитивни на 81-годишна возраст од Дом за стари лица во Радовиш, кои се по потекло од Струмица. Едниот е пренесен на клиниките во Скопје, а вториот е во болницата во Штип, рече директорот Витанов.

На подрачјето, кое го покрива Центарот за јавно здравје досега се регистрирани 28 инфицирани од коронавирусот. Од нив двајца се починати, 12 се активни, а останатите се излекувани.

Со денешните нови тројца, пак, бројот на инфицирани во Радовиш порасна на 13 активни пациенти.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски