Штип, после Скопје, со најмногу заразени од коронавирусот

Од:

Штип со рекордни 60 заразени со коронавирусот денеска се најде во здрaвствениот билтен на Министерството за здравство.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека 30 случаи се од приватниот скрининг на сопственик на една штипска конфекција, додека останатите 30 се исто така работници од четири други штипски конфекции, но и нивни контакти со членови на семејствата или пријатели.

Димитрова вели дека тимовите на Центарот за јавно здравје денеска направиле 30 епидемиолошки анкети, а на пунктот се земени над 50 брисеви, повеќето од земените брисеви се контролни, но има и пациенти кои се јавиле преку матичните лекари со симптоми.

Потврдува дека коронавирусот веќе е влезен во Домот за стари лица во Радовиш. Позитивни на вирусот се двајцата вработени и три лица корисници на услугите во овој дом. Екипа од Центарот за јавно здравје-Штип вчера биле на увид во Домот за стари лица, тестирани се корисниците на услуги, додека сопственикот на домот направил приватен скрининг на вработените. Старите лица кои се зарзени со коронавирусот веќе се хоспитализирани во Штип и Скопје.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор