ВИДЕО: Деветти ден од протестите во Бугарија

Од:

Протестите против Владата на Бугарија продолжуваат и денеска, ова е деветти ден од нивниот старт во Софија и ширум соседната земја. Синоќа 8 лица беа уапсени, кај нив биле пронајдени наркотици и оружје, пренесоа локалните медиуми.

Дел од демонстрантите вчера направија жив штит во одбрана од полицијата. Традиционалниот протестен марш до Националното собрание и мостот Орел, се очекува да се одржи и вечерва.

Протест имаше и пред Судот кој беше организиран од организацијата „Правда за секого“. Од таму, тие побараа оставка на главниот обвинител и бугарската Влада. Протести имаше и во Пловдив, градоначалникот на градот Здравко Димитров изјави дека се плаши доколку продолжи кризата меѓу институциите, истакнувајќи дека тоа ќе доведе до проблеми во локалната власт.

Протести беа организирани и во Варна, незадоволните граѓани повторно се собраа пред зградата на општината со барања за оставка на Владата и на главниот обвинител Иван Гешев. Досега протестите се одвиваат мирно иако посетеноста на граѓаните се зголемува.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Спречен обид за антивладини протести во Киргистан, уапсен се наводните лидери на бунтот

Цицвариќ најави голтање солзавец и враќање на ДОС

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад