Ахмети во САД ќе потврди дека ДУИ е при крај со трпението околу името

Од:

Во ДУИ ја потврдија информацијата објавена во денешен Дневник дека висока партиска делегација предводена од лидерот Ахмети од 6 мај ќе престојува во двонеделна посета на Америка.

Основната цел на посетата, како што пишува и Дневник, се разговори за решение за името, за да може Македонија многу брзо да стане членка на НАТО и да добие датум за преговори за прием во ЕУ.

– Нашиот лидер, придружуван од вицепремиерот Муса Џафери, на соговорниците во Стејт департментот ќе им потврди дека ДУИ останува на ветувањето што заедно со Груевски им го дале, дека во јуни ќе прифатат решение кое потоа би одело на референдум. Нема да криеме дека трпението на Албанците во Македонија – вели извор на Либертас од ДУИ и дополнува дека одолговлекување на решавање на проблемот ќе ја загрози, не само иднината туку и безбедноста на државата.

Во ДУИ сакаат да бидат оптимисти и веруваат дека Вашингтон и Брисел ќе издејствуваат Груевски да прифати ново име, така како што ветувал пред изборите, и дека овој пат ќе мора да си го одржи неговиот збор, без разлика дали тоа ќе му се одрази или не на неговиот личен рејтинг и популарноста на владејачката партија.

Овој пат сме сериозни и нема да прифатиме одолговлекување, велат за Либертас извори од ДУИ. Решение на името и членство во НАТО сакаат сите Албанци во Македонија без разлика на нивната партиска определба вели нашиот извор од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски