Важен играч на Милвоки заразен со коронавирус

Од:

Бекот на Милвоки Бакс, Ерик Бледсо е заразен со коронавирус и не е со тимот во Орландо, каде ќе продолжи сезоната во НБА, пренесува „ЕСПН“.

– Немам никакви симптоми. Се чувствувам добро. Штом можам да ги исполнам барањата на НБА протоколите, планирам да им се придружам на моите соиграчи во Орландо, изјави Бледсо.

Во својот прв натпревар од продолжувањето на кампањата, Милвоки ќе игра со Бостон на 31 јули.

Сезоната во НБА беше запрена во средината на март, околу пет недели пред крајот на регуларната сезона, откако играчите од неколку екипи се тестираа позитивно за КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он