СДСМ: Победивме во пет изборни единици, извесно е дека Зоран Заев ќе биде новиот мандатар

Од:

Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ е победник во голем број општини и има најголем коалиционен капацитет, со што извесно е дека лидерот Зоран Заев ќе биде новиот мандатар и прв ќе има шанса да состави владино мнозинство, покажуваат првичните резултати од предвремените парламентарни избори на аналитичкиот центар на партијата.

Нивната победа, според СДСМ, е изразена во општините со доминантни македонски гласачи и е потврда дека гласачите се определиле за понудата на СДСМ која значи европска, демократска и просперитетна иднина за државата.

Во скопската општина Центар СДСМ има водство пред ВМРО-ДПМНЕ од 4 400 гласа, во Карпош 2 800, во Куманово предноста е 3 500 гласа, Крива Паланка со 2 500, во Битола СДСМ води со над 1 000 гласа, Струмица со 3 700. Предност има и во Крушево, Кочани, Берово, Радовиш, Валандово, Богданци и уште многу други општини.

– Покрај овие кои се со доминантно македонско население, СДСМ оствари победа пред ВМРО-ДПМНЕ и во мултиетнички општини, во Тетово разликата е 2 000 гласа, во Гостивар 750, Теарце 1 000, Боговиње 1 500, Врапчиште 1 200. Овие резултати потврдуваат дека предизборната коалиција со БЕСА е валоризирана затоа што СДСМ покажа на дело дека се залага за мултиетничка држава со почитување на правата на сите граѓани, информираат од аналитичкиот центар на СДСМ.

Генерално СДСМ е победник во пет изборни единици, а со мала разлика загуби од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, но таму има шанси и двете партии да имаат по десет пратеници.

– Ако се следат резултатите според изборни единици тогаш е јасно дека за СДСМ гласале гласачи од сите етнички заедници, каква што и беше коалицијата „Можеме“. Се потврди дека граѓаните од сите региони сакаат опција со понуда и со просперитетна програма. Ова е доказ дека граѓаните препознале визија во СДСМ и дека поголем дел од нив ги поддржуваат политиките за евроитеграции, но и плановите за зајакнување на економијата, информираат од аналитичкиот центар на СДСМ.

Од преброени гласови од 2.277 гласачки места од вкупно 3.480 гласачки места, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме“ води со освоени 36,78 отсто од гласовите пред Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 35,75 отсто, покажуваат првичните податоци на ДИК.  За Демократската унија за интеграција (ДУИ) гласале 10, 31 отсто, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,13, за Левица 4,16, за Интегра 1,38, за Демократската партија на Албанците (ДПА) 1,33, а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје