Поставена монтажна општа амбуланта во Детската клиника

Од:

Министерството за здравство информира дека е поставена монтажна општа амбуланта во состав на Универзитетската клиника за детски болести, како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на Ковид-19 кај најмладите пациенти.

Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, а заради актуелната пандемија со Ковид-19, пациентите кои ќе доаѓаат на преглед, и физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти кои се закажани во МојТермин, со цел заштита од ширење на коронавирусот меѓу пациентите.

Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од Македонски Телеком.

Од Клиниката за детски болести напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на Ковид-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.

Би можело да ве интересира

Специјалистите од Детска клиника не дежураат во амбуланта, тоа го прават специјализанти кои издаваат документација во нивно име

Катерина Ѓуровски

Мемеди: Поединци водат кампања против мене и Клиниката за детски болести

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Горан Наумовски

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете