Вооружени мажи се обидоа да упаднат во либиското МВР и во државната новинска агенција

Од:

Вооружени мажи се обидоа синоќа да упаднат во зградите на Министерството за внатрешни работи во Триполи и на Либиската информативна агенција.

Либискиот премиер Али Зејдан, изјави дека „пред тие напади нема никогаш да потклекнеме“. Претходно околу 200 вооружени мажи ја блокираа со околу 20 возила зградата на МНР со барање за реформи и да назначи на работа поранешни борци кои помогнаа за симнувањето на режимот на Гадафи.

Тие го запреа движењето пред зградата, не дозволуваа вработени во Министерството да заминат на работните места и бараа да бидат отповикани амбасадорите назначени од поранешниот режим.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски