Европските држави го намалуваат ДДВ-то на туризмот, Турција најмногу

Од:

Единаесет европски држави одлучија привремено да го намалат ДДВ-то на туристичките услуги со што сакаат барем привремено да му помогнат на туристичкиот сектор, што е меѓу најпогодените од пандемијата на коронавирусот, пишува хрватскиот портал пари.хр.

Според Европската асоцијација на хотели, ресторани и угостителски објекти (HOTREC), и Турција и Грција, меѓу другите, одлучиле да го направат истото, но засега меѓу нив не е Хрватска.

Турција одлучи, во периодот од 1 април до 30 ноември 2020 година, да го намали ДДВ-то во хотелскиот сегмент од веќе ниските осум отсто на само еден процент, што е најнизок ДДВ во кој било туристички сегмент во Европа.

Грција го намали ДДВ-то од 24 на 13 проценти во сегментот на услуги за безалкохолни пијалоци, а од хотелиерството од 13 на само пет проценти.

Во Хрватска, пак, туризмот во моментот се оданочува по две стапки – 25 и 13 проценти, од кои намалената стапка беше воведена дури неодамна, исклучиво за сегментот на подготовка и сервирање храна и десерти надвор од рестораните.

Би можело да ве интересира

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски