Двата известувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕЕ) за следење на обврските на Србија, Иан Лидл-Грејнгер (Велика Британија) и Пјеро Фасино (Италија) , изрази длабока загриженост за последните протести и минатонеделните насилни судири со полицијата по најавите за нови мерки на ограничување во земјата, јави дописникот на МИА.
-Секое насилство на ова ниво е неприфатливо во демократија. Ги повикуваме властите да покренат целосна истрага за насилните инциденти што се случија оваа недела во Србија и ги повикуваме сите страни да се воздржат , изјавија тие во заедничкото соопштение.
Според нив, во овие тешки времиња, кога КОВИД-19 може да предизвика вознемиреност и болка кај населението, надлежните органи се обврзани да обезбедат транспарентни и доверливи податоци за кризата и да изнесат кохерентни здравствени политики што ќе ја совладаат пандемијата со истовремено зачувување на демократските стандарди, вклучително и слободата на медиумите .
-Во овој поглед, веруваме дека новоизбраниот парламент треба да ја искористи целата своја надзорна функција, во консултација со сите релевантни засегнати страни – вклучително вонпарламентарни политички партии и независни тела – и да научи од управувањето со кризата и развојот на настаните што следуваа по законодавните избори од 21 јуни и 1 јули, велат известувачите на ПССЕ.
-Владејачката партија, која денес ужива многу големо мнозинство во парламентот, има посебна одговорност да најде мирни и инклузивни начини за надминување на овие предизвици. Доброто управување, транспарентност, одговорност и целосно почитување на основните права и стандардите на Советот на Европа ќе бидат од суштинско значење. Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме состојбата како дел од постапката за мониторинг, се вели во соопштението на ПССЕ.