Одѕивот во Струмичкиот регион највисок во Струмица – до 13:00 часот гласале 28.8% од запишаните

Од:

До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 28,8 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список.

Во Радовиш до 13 часот гласале 21 отсто од запишаните вкупно 24.205 избирачи, а во Конче има најмала излезност од 14,3 проценти од запишаните 2.724 избирачи.

Во општина Босилово до 13 часот излегле 17,9 отсто од запишаните 12.248 гласачи, а во Василево 20 проценти од 10. 592 запишани избирачи.

Во Ново Село на гласање излегле 20,40 проценти од 11.181 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден досега поминува мирно и без проблеми.

Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 110.291 граѓани, кои гласаат на 198 избирачки места.

Би можело да ве интересира

Невремето предизвика големи штети во струмичко

Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Горан Наумовски

Мртов матурант е пронајден во близина на склад за дрва во Струмица

Горан Наумовски

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“

Струмичанец е осомничен за убиство, со нож избодел познаник