Иако се уште не е службено потврдено, велшкиот фудбалски ас во редовите на Тотенхем, Герет Бејл е избран за најдобар фудбалер во Премиерлигата за сезоната 2012/13 во изборот на своите колеги, објави Сан.
Англискиот таблоид додава дека еден од најдобрите фудбалери во светот, 23 годишниот Бејл триумфирал во конкуренцијата пред напаѓачот на Манчестер јунајтед, Робин ван Перси, и контроверзниот уругвајски ас на Ливерпул, Луис Суарез.
Ова ќе биде втор пат Бејл како ја освојува наградата, и со тоа ќе биде петти фудбалер во историјата на Премиерлигата кој успеал два пати да ја освои. Претходно тоа им има успеано на Марк Хјуз, Алан Ширер, Тиери Анри и Кристијано Роналдо.
Бејл, за кого интерес пројавија неколку европски гиганти, најави дека ќе остане во Тотенхем, доколку клубот го освои четвртото место и пласман во Лигата на шампионите.
Куриозитет е тоа што Бејл е номиниран и во конкуренција за најдобар млад играч во елитното натпреварување на Островот, па би било големо изненадување тој да не ја освои и оваа награда.