Хоризонт Турново се врати на водечката позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига, откако поладневно на домашен терен го победи Тетекс со 2:0.
Три бода на свој терен освоија и другите три фаворити на денешните средби од 27.коло во фудбалскиот шампионат. Постигнати резултати: Брегалница – Дрита 1:0, Металург – Ренова 3:1 и Работнички – Пелистер 1:0.
Вчера се одиграа два натпревара од оваа рунда: Напредок – Шкендија 0:3 и Вардар – Силекс 2:1.
Табела: Хоризонт Турново 53 бодови, Вардар 52, Металург 51, Шкендија 42, Работнички 40, Ренова 38, Напредок 37, Брегалница 34, Пелистер 30, Дрита 27, Тетекс 21 и Силекс 19.