А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Одбележување на Националниот празник на Франција

by А1он14/07/2020 - 08:23268
Share0

Прославувањето на Националниот празник на Франција, 14 јули ќе биде во знакот на солидарноста, за пред сѐ, да им се оддаде почит на сите што се борат против пандемијата Ковид-19, соопшти француската Амбасада во земјава.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Поради пандемијата и неможноста да го организира традиционалниот прием, амбасадата изразува благодарност до сите кои се бореле за вредностите на Републиката и особено за слободата, со положување венец на Француските воени гробишта во Скопје. На настанот ќе присуствуваат претставници на француската заедница и ќе се почитуваат сите здравствени препораки, стои во соопштението на Амбасадата.

Амбасадата посочува дека францускиот амбасадор ќе одржи видео обраќање преку кое ќе изрази безрезервна пријателска поддршка кон своите сонародници и партнери на амбасадата, кое ќе може да се проследи на Фејсбук страницата на Амбасадата – https://www.facebook.com/France.Skopje, како и на веб-страницата на Амбасадата – https://mk.ambafrance.org.

–Франција низ целата оваа криза, покрај својот придонес кон европските напори за обезбедување опрема и финансиска помош, постојано беше заедно со Македонците. За овој 14 јули, повторно ќе им помогнеме на Црвениот крст и на иницијативата „Банка за храна“ Овој 14 јули мора да биде празник на нашата солидарност, а тоа е братството на дело, споделените вредности што заедно ги славиме, наведува Амбасадата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во рамките на настанот, поранешниот амбасадор Благој Зашов, генерален делегат на Сувенир Франсе во Северна Македонија, ќе положи венец и ќе подари на Музејот на Француските гробишта четири книги од француски автори за историјата на регионот Македонија, што тој ги преведе минатата година.

Амбасадата ддоава дека и во Франција Националниот ден ќе се одбележи на посебен начин, а францускиот претседател Емануел Макрон ќе учествува на воената свеченост на плоштадот Конкорд.

francija

Би можело да ве интересира

Рекордна топлина во Франција: Возовите се откажани, а алкохолот е забранет

Горан Наумовски21/06/2026 - 21:08

Кокаинот ја преплави Франција: Рекорден број интервенции и хоспитализации

Горан Наумовски15/06/2026 - 14:05

Смртта на 11-годишната Лијан предизвика гнев во Франција

Горан Наумовски09/06/2026 - 15:04

Макрон нацрта нуклеарна мета врз Норвешка

Горан Наумовски31/05/2026 - 20:43

Франсоа Оланд најави можно враќање во Елисејската палата

Горан Наумовски21/05/2026 - 22:31

(ВИДЕО) Напаѓач отвори оган на плоштад во Ница – две лица се убиени

А1он11/05/2026 - 17:5011/05/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто