Австралиецот Брентон Тарант, кој пред Суд се изјасни за виновен за убиството на 51 исламски верник за време на молитва во две џамии во Крајстчрч на Нов Зеланд во март 2019 година, побара сам да го одржи завршниот збор, пред изрекувањето на пресудата, соопшти надлежниот суд.
Тарант е обвинет за 51 убиство, 40 обиди за убиство и терористички напад, а неговото признание го направи непотребно судењето, кое требаше да почне во јуни,
Сепак, признавањето на вината и одлуката да го одржи последниот збор нема да влијаат на изрекувањето на казната, закажано за 24 август.
Адвокатите на Тарант велат дека одлуката на нивниот клиент не значи дека е нарушен нивниот однос, затоа што барањето на обвинетиот е во согласност со неговите законски права.