Еден загинат и 16 повредени, во сообраќајките на патот Штип-Радовиш

Од:

На лице место загинал 42-годишен маж од Кочани во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш, со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса“, а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.

Вкупниот биланс на повредени од двете сообраќајни несреќи во Штип изнесува 16 лица, од кои 11 се мигранти.

Вчера се случи сообраќајка и во близина на селото Лакавица на истиот регионален пат Штип-Радовиш, во која учествуваа две возила „мерцедес“, а во едното од нив се превезувале мигрантите, додека возачот избегал од местото на несреќата.

На болничко лекување се 12 лица, а останатите четворица се на домашно лекување.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари