Деветмина убиени во експлозија на бомби пред изборни канцеларии во Пакистан

Од:

Во најновите бомбашки напади во Пакистан, чија цел беа канцелариите на независните кандидати за националниот парламент и Авами народната партија, убиени се најмалку девет лица и повредени 35, соопшти пакистанската полиција.

Експлозивна направа денеска активирана е пред канцеларијата на Сиед Нур Акбар, независен кандидат на малцинските шиити и Авами Народната партија во градот Кохат, кај границата со Авганистан.

„Експлозивна направа беше подметната пред изборните канцеларии. Најмалку шест лица загинаа, а 22 се повредени“, потврди градскиот командира на полицијата Дилавар Кан Бангаш.

Во другиот напад, цел на нападот беше уште еден независен кандидат, Нарир Кан Афридија и при овој напад убиени се три лица, а 13 се повредени, потврди полицискиот службеник Саифур Рехман. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица