Артета разочаран по поразот од Тотенхем

Од:

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, рече дека е несреќен и разочаран по поразот од Тотенхем (1:2) вчеравечер на натпреварот во Премиер лигата.

– Разочаран сум и несреќен. Им кажавме на момците само да ја погодат топката, но кога ќе промашите вакви шанси станува тешко. Индивидуалните грешки се психолошки тешки. Тоа влијае на расположението. Им се извинувам на фановите. Знам колку им значи ова, изјави Артета.

Тој сепак се надева дека тимот ќе обезбеди место во Лигата на Европа.

– Овој пораз е е огромен удар. Сепак, ќе се бориме во првенството и ФА Купот за да ја завршиме сезоната што е можно подобро. Се зависи од нас, додаде Артета.

Арсенал по 35 кола во Премиер лигата е на 9. место со 50 освоени бода.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска