Новозибраниот претседател на Венецуела Николас Мадуро е во посета на Куба, каде имаше петчасовна средба со Фидел Кастро. Тој денеска ќе се сретне и со кубанскиот претседател Раул Кастро.
Целта на посетата е зајакнување на стретегиското партнерство меѓу Венецуела и Куба, изразено во секојдневните доставувања од Каракас за Хавана на околу 130.000 барели нафта по преференцијални цени, како и користење на територијата на Венецуела од страна на 40.000 кубански специјалисти, главно од областа на спортот и медицината.
Стратешкиот сојуз во 2000 година го воспоставија тогашните претседатели на Куба и Венецуела Фидел кастро и Уго Чавез.