Додик: Не може да се фаворизира една вистина за Сребреница

Од:

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додиќ денеска изјави дека Сребреница е место во кое „не може да се фаворизира една вистина, туку истата мора да се гради на факти, а не на шпекулации“.

Тој зборувајќи за намерата со закон да се казнува негирањето на геноцидот над Бошњаците во Сребреница, рече дека тоа е „сомнителна вистина“ и оти вистината мора да биде егзактна и прифатена од сите.

– Ние кажуваме и е точно дека во Сребреница е извршено сериозно злосторство и дека сериозно настрадаа Бошњаците, но не е тоа што тие го кажуваат. Таму страдаа и Србите, истакна Додик.

Во периодот од 11 до 23 јули 1996 година припадници на Војската на Република Српска, под команда на генерал Ратко Младиќ, убија над 8.000 босански муслимани, претежно момчиња и мажи на возраст од 12 до 77 години.

Србија и Република Српска негираат дека во Сребреница е извршен геноцид.

Би можело да ве интересира

Додик: Односите меѓу Бања Лука и Сараево се можеби на најлошо ниво

Кинескиот амбасадор во ОН: Резолуцијата за Сребреница не е во согласност со реториката за мир и стабилност

Поддршката на Резолуцијата за Сребреница ја става Црна Гора пред закана за нов српски бунт

Договорен текстот на резолуцијата за Сребреница – ќе се гласа во Обединетите нации

Додик: Пет милијарди луѓе во светот нема да застанат зад резолуцијата за Сребреница

Додик: Германија, САД и Велика Британија се најголемите виновници за политичката криза во Босна и Херцеговина