Повторно грешка, но сега во снимка од Заев: Наместо пишаното „важи“, останало кажаното „марш“

Од:

На ново креиран „Јутуб“ канал е прикачена снимка со назив „Заев зема рекет од 6 милиони евра!“. Во моментот кога се споменуваат пари, лидерот на СДСМ, Зоран Заев вели „марш“ а во видеото е пишано како „Важи, јас влегувам во оваа работа“, што остава впечаток дека тонскиот запис е монтиран и по грешка е заборавено да се отстрани делот со „марш“ со цел да се прикаже дека Заев земал рекет, како што е насловено. Од снимката може да се слушнат неколку нагли прекини со говорење и нелогично продолжување на речениците.

Во снимката се Заев го споменува и адвокатот Васко Димишков, брат на судијката на претходна постапка во Основниот кривичен суд, Весна Димишкова. Засега нема информација во кој период е направена снимката, како и, кој ја снимил и дистрибуирал.

„Во еден период се појави овој Васко, на Димишкова брат и. Совети ми даде, што да правам, бара пари. Значи и он ќе рече 6 милиони евра, 6 милиони евра. Викам марш, јас влегувам во оваа работа“, се слуша Заев во краткиот монтиран исечок од 12 секунди.

Инаку, адвокатот Димишков беше сведок и во случајот „Рекет“, а неговата сестра му одреди притвор на бизнисменот Орце Камчев за случајот „Империја“ и му го продолжи истиот.

Вчера пак, по грешка во вест на порталот „Република“ беше оставена реченица со инструкција да се објави текст против СДСМ, која подоцна беше избришана. Со латинична поддршка, пред крајот на текстот насловен како „СДСМ во паника: Тргнато видеото на кое се слуша како Заев договара паѓање на судски случај на порталот“ пишуваше: „Направете една вест дека СДСМ во паника го бутна видеото каде се гледа како Заев договара паѓање на судски случај“.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски