(ВИДЕО) Шекеринска: Граѓаните денес се еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ

Од:
Граѓаните на Македонија денеска се граѓани на светот, еднакви со најмоќните во НАТО и со отворено добредојде во ЕУ, со зачуван идентитет и потврден и признат во светот македонски јазик. Од тоа поголемо достоинство нема, истакнува во видео обраќање носителката на кандидатската листа во Петтата изборна единица на коалицијата „Можеме“, Радмила Шекеринска.Tаа порача ретроградните политики на ВМРО-ДПМНЕ да останат во минатото и никогаш повеќе да нема режим во земјава. Тие, вели Шекеринска, не заслужуваат втора шанса да го продолжат истото.

– Зборуваат за достоинството наместо да ја наведнат главата и да се извинат зашто 11 години со сите сили го газеа достоинството на својот народ и држава. Зборуваат за достоинството тие кои 11 години владееја со страв и закани, тие кои ги искрадоа граѓаните а земјата ја изолираа, ја заглавија во омраза и ја претворија во жртва. Тие чиј лидер избега со парите на граѓаните, а тие прават се за да го вратат неговиот начин на владеење – за да продолжат да заплашуваат и да се богатат на сметка на иднината на секој граѓанин, вели Шекеринска во видео пораката.

Се изборивме заедно, нагласува Шекеринска, за слободата и ја поставивме земјата на вистинскиот пат.

–  На 15 јули заокружете го бројот 3 да продолжиме заедно. Само заедно можеме напред. Да ја одржиме последната лекција заедно – режим никогаш повеќе во Македонија, порачува Шекеринска во видео пораката.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти

СДСМ: Зошто Мицкоски ја штити Кристина Јованова инспекторка за економски криминал во Кочани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

СДСМ: Кога Мицкоски е фатен во криминал, тоа е дестабилизација