Мандатот на Еулекс продолжен за една година

Од:

Мандатот на мисијата на ЕУ за владеење на правото во Косово (Еулекс) е продолжен за помалку од една година, јави агенцијата Бета.

Косовскиот претседател Хашим Тачи и високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел договориле едногодишно техничко продолжување на мандатот, бидејќи пандемијата на вирусот корона спречи преговори за иднината на мандатот на Еулекс.

Во писмо до Борел, Тачи навел дека Косово се согласува на техничкото продолжување на мандатот на Еулекс, најдоцна до 14 јуни 2021 година, со цел да се обезбеди континуитет на Мисијата за време на траењето на вонредните околности.

Борел одговори дека го прифатил договорот за техничко продолжување на мандатот на Еулекс до 14 јуни 2021 година и ја повторил поддршката на ЕУ за Косово.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани