СДСМ: Ние се боревме за Закон за ЈО и продолжување на предметите на СЈО, ВМРО-ДПМНЕ се бореа за спас на Камчев и Груевски

Од:

„Вистината се потврдува, СДСМ и Заев се бореа за Закон за ЈО и продолжување на предметите на СЈО, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се бореа за спас на Камчев и Груевски

Како што наближува изборниот ден и поразот на ВМРО-ДПМНЕ И Христијан Мицкоски, растат паниката и стравот во белиот дворец.

Денешните објавени аудио разговори само потврдуваат дека СДСМ и претседателот Зоран Заев постојано барале начини, решенија и правни механизми за целосна реформа на правосудството, со посочување на опасноста од недонесување на Законот за јавно обвинителство“, соопштува СДСМ.

„СДСМ, претседателот Заев постојано се бореа за обезбедување на двотретитинско мнозинство Собранието со што денес, предметите на Специјалното јавно обвинителство продолжуваат иако тоа веќе не постои.

Јасна е разликата. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се бореа за да паднат предмети, да падне предметот „Талир“, за да се сокрие нелегалното финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, да падне предметот „Империја“ за да се спаси тајкунот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, за да се спасат други криминалци на чело со Груевски.

Јасно им е и нив на чело со Мицкоски дека криминалот нема да го одбранат, нема да се спасат од одговорност. По 15 јули реформите во правосудството градат силна правна држава во која никој нема да се спаси од одговорност“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски

Мемов: Конфузија и раскол во СДСМ околу Законот за Влада

Катерина Ѓуровски