(ВИДЕО) Шахпаска: Глас за СДСМ е глас за сигурност, на 15 јули излези и гласај

Од:

Излегувањето на гласање нема да биде ништо поразлично од одењето во маркет, аптека, банка или некоја друга секојдневна активност. Со почитувањето на сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, гласањето на 15 јули ќе биде безбедно, вели во вдео-обраќање до граѓаните Јагода Шахпаска, носителка во ИЕ 3 од Коалицијата „Можеме“.

– Секој од нас е важен. И важно е преземањето чекор и да се учествува во големата одлука. Да не дозволиме да ја прокоцкаме шансата што заедно ја создававме овие три години. Ја бараме вашата поддршка. Го бараме вашиот глас за уште еден мандат. За да ги продолжиме добрите политики. За да продолжиме напред уште побрзо и да не ја испуштиме шансата што заедно ја создадовме за оваа наша убава земја и за нашиот народ, истакува Шахпаска.

Во моментов, вели таа, нема подобра опција за државата од Заев и СДСМ.

– Не смее да се ризикува да се врати ВМРО, тоа ќе донесе хаос во државата. Останувањето дома, значи и враќање на власт на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. Не гласањето носи ризик да изгубиме се што постигнавме заедно. Не молчете кога е ваш ред да зборувате. Секој глас е одлука. Без твојот глас нема да се оствари она што го очекуваш. Излези и гласај на безбедно гласање, вели Шахпаска.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!