Шкендија подобра на гостувањето во Кичево

Од:

Екипата на Шкендија го победи Напредок со 3:0 попладневно во Кичево, во натпревар со кој беше отворено 27. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Головите за гостите од Тетово ги постигнаа Музафер Ејупи во 32 и 33. минута и Ардит Шакири во 44. минута.

Вечерва од 20 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје играат Вардар – Силекс.

Двојките за утре се: Хоризонт Турново – Тетекс, Брегалница – Дрита, Металург – Ренова и Работнички – Пелистер. Почетокот на сите натпревари е во 16 часот.

Табела: Хоризонт Турново 50 бодови, Вардар 49, Металург 48, Шкендија 42, Ренова 38, Напредок 37, Работнички 37, Брегалница 31, Пелистер 30, Дрита 27, Тетекс 21 и Силекс 19.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска