(ВИДЕО) Филипче: На 15 јули бирате кој ќе ја води битката со Ковид-19

Од:

„По четири месеци тешка битка со вирусот, слободно можам да кажам дека ние одговоривме зрело, навремено и ефикасно. Го заштитивме здравствениот систем, ги подготвивме капацитетите и добро ја информиравме јавноста. Не дозволивме лоши сценарија какви што гледавме низ Европа и светот.

Во комуникацијата со вас граѓаните, бевме чесни, транспарентни и доследни. Ве известувавме навремено, без лажни надежи или пак кревање непотребна паника. Знаевме дека криењето информации може да биде опасно и затоа никогаш не го направивме тоа“, рече Венко Филипче, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.

„На 15 јули вие граѓаните одлучувате кој ќе продолжи да се справува со коронавирусот. Кој ќе ве води низ ризичниот есенски период, но и следната година. Вирусот е тука и нема да замине скоро, а справувањето со него ќе биде еден од најголемите предизвици на идната влада.

На 15 јули вие бирате – дали јас, ние, тимот на СДСМ ќе продолжиме на ист начин уште пожестоко да ја биеме оваа битка или тоа ќе го прави сегашната опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Досега од опозицијата добивавме само пречки и опструкции на работата. Бомбардираа со лажни вести, свесно креваа паника, измислуваа афери и блокираа 33 милиони евра европски пари наменети за нашето здравство. Наместо да помагаат, тие одмагаа во борбата со вирусот. Крајно неодговорно, незрело и опасно однесување.

Подготвени ли сте вашето здравје и здравјето на вашите најблиски да им го доверите на овие луѓе? Искрено верувам дека одговорот е не.

Затоа, на 15 јули, да дадеме масовна поддршка за коалицијата „Можеме“, која носи сигурност и заштита на здравјето на граѓаните“, изјави Венко Филипче, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел