Макрон побара Израел да не анектира делови од Западениот Брег

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон апелираше до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не ја анектира палестинската територија на Западниот Брег, предупредувајќи го дека тоа ќе значи прекршување на меѓународното право и загрозување на долгорочните мировни напори.

Во денешниот телефонски разговор, Макрон му порачал на Нетанјаху да „се воздржи од преземање на какви било мерки за анектирање на палестинската територија“, соопшти неговиот кабинет.

Макрон ја потврдил посветеноста на Франција за безбедноста на Израел и одлучноста да работи на смирување на тензиите во регионот.

Ситуацијата се влоши во последните неколку недели на Западниот Брег, откако Израел објави дека ќе ги спроведе плановите за анексија на околу 30 проценти од окупираната територија, во согласност со мировната иницијатива за Блискиот исток на американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа