Кинеската авиоиндустрија со загуба од речиси пет милијарди долари поради Ковид-19

Од:

Поради последиците од новиот коронавирус, кинеската авиоиндустрија во вториот квартал од годината бележи пад од 4.89 милијарди долари.

Според податоците на кинеската Цивилна администрација за авијација, во првиот квартал од годината, авиоиндустријата загуби над пет милијарди долари.

Кинеската авиоиндустрија напредува побрзо за разлика од другите земији што сега попуштаат со мерките воведени поради Ковид-19.

Сепак бројот на патници укажува дека авиоиндустријата во Кина се уште е под нивото на кое се наоѓаше пред епидемијата.

Бројот на патници во јуни е за 42.4 отсто помал во однос на минатата година, односно регистрирани се 30.74 милиони патници, додека податоците во мај покажуваат подобри резултати.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

(ВИДЕО) Кина објави драматична порака до Трамп: Нема да потклекнеме пред насилникот

(ВИДЕО) Трагедија во Кина: Пожар избувна во ресторан, најмалку 22 мртви

Кина размислува за укинување на царините за некои американски производи

Горан Наумовски