Обвинение за скопјанец за недозволено поседување оружје и муниција

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителен акт против скопјанец за недозолено поседување оружје и муниција, откако на 12 јуни при претрес на неговото возило е пронајдена автоматска пушка, пиштол и повеќе парчиња муниција за кои не поседувал дозвола.

– Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм и 60 куршуми муниција за ова оружје. Освен ова, тој со себе носел и друго огнено оружје за кое не поседувал дозвола – пиштол марка Смит Весон со калибар 9 мм и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште, се вели во соопштението од ОЈО.

Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да му ја продолжи определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да го повтори делото.

Обвинителниот акт е за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Шмихал: Нема да има извоз на оружје произведено од домашни производители

Русите имаат ново оружје: Ова е „ѕвер“ што ги тресе силите

Европски земји изразија подготвеност да купат американско оружје за Украина

Греам: Рекордна количина оружје ќе и биде доставена на Украина

(ВИДЕО) Америка ги запира клучните испораки на оружје за Украина

Обвинителство отвори истрага против Скопјанец, во чиј дом е пронајден арсенал илегално оружје и муниција