Електроакустичен концерт на пијанистката Дуња Иванова

Од:

В понеделник, со почеток во 21 часот, на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, пијанистката Дуња Иванова ќе одржи солистички концерт со музиката на исклучителниот германски композитор Макс Рихтер и делата на македонската авангардна композиторка Ана Пандевска.

На програмата се композициите за соло пијано на Рихтер меѓу кои: Andras, The Family, Departure, Infra 3 напишани во минималистички манир како и музиката за пијано и трака на Пандевска како: Landscape atmosphere, Life in a box и Квази Бурлеска.

Концертот претставува дел од Годишната програма на Министерството за култура за 2020 година а се реализира со поддршка на Младинскиот културен центар – Скопје.

Публиката ќе биде во ограничен број, следењето на концертот на предвидена дистанца и со заштитна опрема во согласност со протоколите одредени од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Две нови изведби на перформансот „Мачката Елеонора“ во МКЦ

Предраг Петровиќ

Костадиновска Стојчевска: Да се одложат одредени проекти во МКЦ додека да се реши статусот на хонорарците

Синдикатот на МКЦ бара надлежните институции да најдат решение за хонорарно ангажираните лица

Горан Наумовски

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски

Бени Шаќири нов директор на МКЦ

VILLAGERS OF IOANNINA CITY за прв пат во Скопје