(ВИДЕО) Петров: Политички противник на СДСМ е ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Стотина симпатизери на СДСМ, денеска повторно се собраа пред седиштето на партијата, за да побараат да им се обрати лидерот Бранко Црвенковски, но и да не замине од кормилото на партијата, со тоа што повторно би бил кандидат за претседател на најголемата опозициска партија на конгресот закажан за 2. јуни во Скопје.

Повторно денеска со нив разговараше Генералниот секретар на партијата, Андреј Петров, кој се обиде да им објасни дека постапката за избор на нов опозициски лидер е веќе започната, а одлуката на Црвенковски да не се кандидидра е лична.

andrej-petrov-27april.jpg

„Црвенковски не е ниту заморен од СДСМ, ниту пак е болен. Тој оставката ја поднесува бидејќи не успеал да ги убеди членовите во оправданоста на своите ставови“, рече Петров.


Петров во изјавата за новинарите, посочи дека тој како Генерален секретар и Црвенковски како лидер, нема да застанат зад ниту еден од кандидатите за претседател. На сите кандидати ќе им биде дадена еднаква можност за претставување, но рече Петров, увидот во делегатскиот список не може да биде доставен бидејќи едно е 700-тини делегати, а друго е избирачки список.

„Се надевам дека во демократски амбиент ќе биде избран новиот лидер. Ќе има големи разлики со она што му се случуваше на ВМРО-ДПМНЕ при партиските кавги во хотелот „Панорама“.

– Ова ќе биде нов почеток на СДСМ. Нема да дозволиме кампања на ниско ниво, ниту етикетирање на кандидатите. Политички противник на СДСМ е ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Петров.

sdsm-simpatizeri-27april.jpg

На симпатизерите кои рекоа дека нема да се разотидат додека Црвенкосвки не им се обрати или ја повлече одлуката, им порача дека исклучително ги почитува но, на нивните барања не може да им излезе во пресрет, бидејќи одлуката што ја донел Црвенковски е негова лична.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа

СДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон во кривопаланечко Луке

А1он

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ