Нови протести во Љубљана

Од:

Граѓанскиот протест во Љубљана, под име Сесловенечко востание против политичката и систематската корупција во Словенија, претпладне собра околу илјада луѓе во центарот на градот, каде пред државните и европските институции се поставени заштитни огради.

Граѓанските здруженија имаат шест барања, меѓукои и политичарите во рок од шест месеци да побараат доверба на избори како и донесување на мерки против системската и политичката корупција.

На протестот се бара и контрола врз трошењето на државни пари и контрола при изборот на кадри на сите нивоа, како и во јавните претпријатија. Протестот се одвива мирно.

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски