Хрватскиот министер за здравство Вили Берош денеска на прес-конференција изјави дека со 81 случај на заразени на 100 илјади жители, Хрватска и натаму продолжува да има најповолна епидемиолошка ситуација во Европа.
Тој вели дека земјата покажува дека е можно релативно нормално да се живее со коронавирусот, со отворени граници и обновени економски активности. Во изминатите 24 часа во Хрватска е регистриран 91 нов случај на коронавирус. Вкупната бројка на заразени лица сега изнесува 3.416 од кои 978 се активни случаи.
Националниот хрватски штаб потсети дека придржувањето кон сите досегашни мерки и упатства е од клучно значење затоа што со одговорно однесување може да биде намалено ширењето на инфекција со коронавирус. Секој мора да биде свесен за одговорноста за сопственото здравје, здравјето на семејството и сограѓаните, додаде хрватскиот министер.