Земан ја критикуваше ЕУ во врска со помошта за Грција и за Кипар

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан во интервјуза австрискиот неделник „Профил“ упати бројни критики кон регулаторните упатства на Европската комисија, јави дописникот на МИА од Прага.

Земан смета дека ЕК не треба да се грижи за светилките, пушењето или алкохолните пијалоци, а искажа и несогласување за финансиската помош за Грција и за Кипар.

– Мојот омилен пијалок беше „Бехеровката“, пред ЕУ во една од своите Директиви да установи дека ликерите содржат шеќери и оттогаш пијам само „Сливовица“ вели Земан во дел од интервјуто кое ќе биде објавено в понеделник.

Земан го повторил својот став, за побрзо воведување на еврото како национална валута во Чешка, но искажа несогласување за финансиска помош за Грција и Кипар.

– Не би можел да замислам дека чешкиот министер за финансии би се согласил со помош за Кипар или за Грција, истакна Земан за австриски „Профил“.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија